Заврши расправата по предлог-законот за ЈО

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши расправата по предлог-законот за ЈО

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека заврши расправата по предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето, како што рече тој, ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство.

Џафери даде пауза до 22 часот, кога ќе почне 136-та седница, на чиј дневен ред се четири точки: разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за именување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка и предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

Џафери претходно најави дека Собранието ќе работи 24/7 се до негово распуштање.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата