Курти: Мафијата е единствен сектор кој е целосно интегриран на Западниот Балкан

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курти: Мафијата е единствен сектор кој е целосно интегриран на Западниот Балкан

Мафијата на Западен Балкан е единствен сектор кој е интегриран во целост, изјави косовскиот премиер Албин Курти за време на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Курти, за време на учеството на панелот „Изградба на општествена стабилност во европското соседство“, а на кого ова му е прво учество на некој меѓународен собир по изборите за премиер на Косово, истакна дека на Западениот Балкан му е потребно најпознати лица да бидат обвинители.

„Мафијата е единствениот сектор целосно интегриран на Балканот. Тоа што ни треба е обвинителите да бидат најпознати лица, а не премиери или министри за надворешни работи“ нагласил Курти.

На пат кон Минхен, Курти направи преседан, на аеродромот во Приштина не влезе во ВИП секторот, туку стоеше во ред за пасошка контрола о помина како и сите други патници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата