Ноќва во Чикаго започнува НБА ол-стар викендот, а „забавата“ започнува со натпреварот меѓу најдобрите млади играчи, односно дебитанти и играчи со стаж од една година во НБА, кои ќе играат поделени во два тима – САД и Светот.

Лука Дончиќ е првата ѕвезда во тимот на Светот, а со него во тимот ќе има уште тројца европски кошаркари, Германецот Вагнер, Украинецот Миха Mук, како и Италијанецот Никол Мели, кој го замени Деандре Ајтон непосредно пред ол-стар викендот.  За Светот ќе играат и четворица Канаѓани, како и Јапонецот Хачимура и Нигериецот Окоги.

Првиот пик на драфтот сезонава, Зион Вилијамсон е главнниот играч за САД, иако во тимот ќе биде и Те Јанг, како и Џо Морант, Девонте Греам и Данкан Робинсон.

Натпреварот се игра во две полувремиња кои траат по 20 минути.