Лукашенко: Русија инсистира на припојување на двете држави

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лукашенко: Русија инсистира на припојување на двете држави

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е под притисок на Кремељ, за Белорусија да се припои кон Русија, а во замена да добие поволни цени за испорака на горива.

„Руското раководство алудира на интеграција на Белорусија во замена за обединета цена на енергентите“ рекол Лукашенко, прераскажувајќи го состанокот во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин.

„Под интеграција, тие подразбираат преземање на Белорусија. Тоа не е интеграција, туку инкорпорација“ додава Лукашенко.
Белорускиот претседател вели дека е уверен дека ни Русија ни Белорусија не би сакале да одат по тој пат.

Истакна дека рафинериите во Белорусија добиле во јануари само 500 илјади тони руска нафта, наместо планираните два милиони.

Транзитните испораки на руска сирова нафта во Европа преку Белорусија тече непречено, но белоруските рафинерии на нафта се сведени на минимален капацитет, што на земјата и` го скрати главниот извор на приходи.

Рускиот нафтовод „Дружба“, кој обезбедува околу еден милион барели дневно за потрошувачите во Европа, поминува преку Белорусија, Полска и Германија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата