Претседателот на Србија Александар Вучиќ учествува на округла маса за безбедноста на Балканот, што може да биде прва можност да ги вкрстат аргументите со новиот косовски премиер Албин Курти, кој присуствува на истиот панел, заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи, пишува Танјуг.
Панел на тема “Координација, соработка, консилидираљње? Потикнување напредок на земјите од Западен Балкан“ се одржува во рамки на Минхенската конференција за безбедност, по правила на четам хаус, што значи дека е зарворена за јавноста. На состанокот присуствувал и албанскиот премиер Еди Рама.
Со три албански претставници, панелот може да биде вжештен повеќе отколку минатата година, констатирале денес новинарите во разговор со претседателот, на што Вучиќ, одговорил дека стратегијата на Србија е јасна и со богатото искуство, ќе примени тактика која ќе резултира со најдобар исход. Панелот го модерирала бив специјален советник и висок ипретставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Натали Точи.
На Инстаграм профилот "buducnostsrbijeav'' објавени се две фотографии од тој собир.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на панелот влегол во дуел со премиерот на Косово Албин Курти.
Курти почнал да го критикува договорот за Мини Шенген и повторил “дека Србија треба да го ослободи Косово“ и дека тие ќе воведат реципрочни мерки, на што претседателот на Србија му одговорил:
- Неможете да ја навредувате Србија, мислете дека сте голема ѕвезда. Не претставувате држава. Половина свет, членки на ОН не ве признале, но ако зворуваме за територија дури и повеќе. Ние ќе направиме се да се одржи мир и стабилност, и нема да не испровоцирате. Со понижување на нашите напори околу Мини Шенген, јас не ве разбирам. Но тоа за вас е голем предизвик, ако мислете да глумете важен тип – му порачал Вучиќ на премоиерот. Курти повеќе не се јавил за збор, а Вучиќ му додал:
- Ако мислите за мерките на репроцитет тогаш прочитајте го Бриселскиот договор. Таму пишува дека мора да формирате Заедница на српски општини. Тоа ви беше единствена обврска и таа не ја завршивте – рекол српскиот претседател.