Фановите сметаат дека деновите на Пеп Гвардиола како менаџер на Манчестер Сити ќе завршат на крајот на сезонава. Лавина реакции по социјалните мрежи по одлуката на УЕФА за двегодишна суспензија на „граѓаните“ од европските турнири.

Договорот на Гвардиола како менаџер на Манчестер Сити истекува во 2021 година и тој допрва треба да разговара за иднината. Многу навивачи веруваат дека Шпанецот ќе избере да си замине по забраната на Сити за настап во елитното натпреварување.

49-годишниот стручњак оваа недела самиот изјави дека смета дека би можел да ја загуби работата доколку Сити биде елиминиран од Лигата на шампионите оваа сезона.

„Сакам да ја освојам Лигата на шампионите, сонувам и ќе уживам во натпреварите против Реал Мадрид, па ќе видам што можам да направам.  Ако не ги победиме, тогаш ќе дојде претседателот или спортскиот директор и ќе рече ‘не е доволно добро, ние ја сакаме Лигата на шампионите, ќе ве отпуштам’. Секако, тоа е тоа, ќе кажам благодарам, ми беше задоволство“, рече Шпанецот пред новинарите.