Стевананџија: Со бомби дојдовте со бомби ќе си заминете

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стевананџија: Со бомби дојдовте со бомби ќе си заминете

Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската говорница истакна дека среќа ќе било ако пратениците во изминатите три години без престан работеле како денеска, а наместо тоа тие во Собрание седеле само 20 минути. Тој истакна дека е срамно што противуставен закон се брза да се донесе, без да се консултираат експерти, а ниту пак да се даде било какво образложение за предложениот.

Што ќе беше колеги ако вака напорно ги носевте законите како вечрева, во последните три години ако вака напорно работевте каде ќе беше образованието, економија, правда… Ако вака продолжите колеги на оваа зграда ќе осамне графит мафијата си има Собрание. Не најдовте за скодно 15 секунди да го образложите ова законско решение, ниту едно ветување на исполнивте..ама успеавте Сами си признавате дека лаички си го носите овој закон, по наредба на некој. Па не биле технички грешки, па за 10 часа донесовте грешен закон. Сета среќа што работевте 20 минути дневно, успевате во тие 20 минути да пишувате огласи….Сето ова што го правите се следи. Со оваа Влада и во Март 2020 и во Март 2022 нема да добиеме датум за преговори, ова што го правите е противуставно, ги усрамивте и ЕУ, ова што се случува во овој законодавен дом ми личи на собраниска распродажба. Сета среќа за неколку дена се распуштаме, па ќе дознаеме се за аферите…Со бомби дојдовте со бомби ќе си заминете, истакна Стевананџија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата