По шокантната вест која стигна од УЕФА, од Манчестер Сити излегоа со официјален коментар на одлуката според која „граѓаните“ ќе бидат исфрлени од европските купови на две сезони. Од Сити велат дека се разочарани, но не изненадени од одлуката на УЕФА.

„Во декември 2018 година, Истражната комисија на УЕФА веќе ја објави веројатната одлука, иако истрагата не беше започната. Со оглед на протекувањето на вестите, немаше сомнеж каков би бил исходот на судењето. Клубот поднесе тужба до дисциплинскиот орган на УЕФА. Жалбата е во согласност со правилата на Арбитражниот суд за спорт (CAS). Едноставно кажано, случајот беше инициран од УЕФА, разгледан од УЕФА и одлуката е на УЕФА. Ќе го обжалиме случајот во Лозана во најблиска иднина “, соопштија од клубот.