Ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асинсио кој во текот на подготвителната турнеја во САД заработи тешка повреда на лигаментите на левото колено, порано од очекуваното го одработи првиот полесен тренинг со екипата.

Тој требаше најмалку девет месеци да биде надвор од теренот, но 24-годишниот шпански фудбалер прави сè за што поскоро да му се приклучи на тимот.

Сите во Реал Мадрид, пред се Зинедин Зидан, се пресреќни што Асенсио без проблеми одработи полесен тренинг, а според информациите тој најверојатно би можел и да заигра до крајот на сезоната.