Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска излезе со ригорозна санкција за англискиот шампион Манчестер Сити поради сериозни прекршувања на УЕФА системот за лиценцирање и финансирање. Како што објавија од УЕФА, Манчестер Сити ќе биде суспендиран на две сезони забрана за настап во Лигата на шампионите и огромна финансиска казна од 30 милиони евра!

„По сослушувањето одржано на 22 јануари 2020 година, Административната комора на УЕФА за финансиска контрола на клубовите, со која претседаваше Хозе да Куна Родригес, го извести денеска фудбалскиот клуб Манчестер Сити за конечната одлука. Административната комора, разгледувајќи ги сите докази, откри дека фудбалскиот клуб Манчестер Сити извршил сериозни прекршувања на УЕФА правилникот за лиценцирање и финансирање според т.н. финансиски фер-плеј со преголем износ на приходи од спонзорства на своите сметки според доставените податоци до УЕФА меѓу 2012 година и 2016 година. Административната комора исто така открила дека, во согласност со прописите, Клубот не соработувал во истрагата на овој случај. Административната комора му изрече дисциплински мерки на фудбалскиот клуб Манчестер Сити со исклучување од учество во клупските натпреварувања на УЕФА во наредните две сезони (т.е. сезони 2020/21 и 2021/22) и парична казна од 30 милиони евра“, се вели во соопштението од УЕФА.