Ласовска: Секоја држава има своја мафија, но кај нас мафијата има држава

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ласовска: Секоја држава има своја мафија, но кај нас мафијата има држава

Попладнево, додека трае собраниската расправа за законот за јавно обвинителство, по пауза од еден час таа продолжи во 19 часот. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска побара збор и кажа дека овој закон се бара со цел да се избегне распуштање избори на 12 април.

СДСМ за да избега од избори ја наметна тезата дека законот за ЈО треба да се донесе два дена пред распуштањето на Собранието. Тоа е само за да не се распушти Собранието. Доколку некој писател би пишувал книга за состојбата во која ние живееме, јас би му предложила книгата да се вика: „Секоја држава има своја мафија, но кај нас мафијата има држава“ и да раскаже за овој циркус во Собранието и низ каква голгота поминува македонскиот народ. Гледаме недемократска траги комедија, комедија за гладачите на пржинскиот театар на апсурдот. Ќе и објасна ли некој, на техничкава дружина дека има наменаска улога преку тесна соработка со претставниците на опозицијата за да се овозможат фер и демократски избори. Тие глумат суперфранкенштајн Влада. Пржинската влада има и ограничено владеење, не траба да предлага закони, туку да обезбеди фер и демократски избори. Апелирам овој закон да се повлече и да се гласа за распуштање на Собранието и избори на 12 април, рече денеска во законодавниот дом пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата