НБА ѕвездата Лука Дончиќ за американските медиуми потврди дека ќе се врати во националниот тим, односно ќе игра за Словенија во квалификациите за Олимписките игри во Токио годинава.

Дончиќ, кој настапот на Мундобаскетот во Кина го пропушти поради повреда, сега ќе и помогне на Словенија да дојде до олимписки билет на турнирот во Каунас.

„Ќе играм за Словенија во олимписките квалификации, со сигурност“ – одговори Дончиќ на новинарско прашање.

Словенија ќе биде дел од квалификацискиот турнир заедно со домаќинот Литванија, како и Венецуела, Полска и Ангола. Победникот на турнирот обезбедува учество на ЛОИ.