Поради појава на магла, намалена видливост од 50 до 70 метри има на планинскиот премин Стража и до 50 метри на патниот правец Велес – Катланово, предупредува АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Врнежи од дожд и снег се бележат во Крушево и на планинските превои Стража и Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax

Најчитани вести