И машката и женската сениорска екипа на ОК Вардар ќе со стартуваат продолжението од сезоната, откако клубот ги подмири неисплатените финансиски обврски кои ги имаше кон Одбојкарската федерација на Македонија.

ОФМ ги суспендираше двата тима, по што следуваше експресна реакција од клубот и во пресрет на вториот дел од сезоната ги подмирија своите обврски, со што автоматски е повлечена и забраната за настап.

Пролетниот дел од сезоната женскиот тим го започнува на домашен терен против Јанта Волеј Форца, додека мажите се среќаваат со Весна Пробиштип.