Дали по 1,5 година, конечно Дарко Велковски во својата Ријека ќе има повеќе среќа. Сега игра добро, не е повреден, го има и во тимот на колото во ХНЛ. Едноставно нашиот репрезентативец ги искажува своите неспорни квалитети.

Тој за медиумите во Хрватска истакнува дека е презадоволен од своите настапи во последно време, вели само здравјето да го послужи…

„Нека биде секогаш вака и ја ќе бидам задоволен. Имаше доста пехови во минатото, но сега се е во ред. Ги минав комплетно подготовките, се осеќам одлично. Инаку во врска со повредите не знам навистина што да кажам, ме нервираат приказните за тие повреди кои го одбележаа мојот досегашен престој тука во Ријека. Верувајте дека мене ми е најлошо. Причините не ги знам, можеби незаздравен играв натпревари, можеби ова, или тоа. Не знам, важно е што сега сум здрав и играм добро“ потенцираше Дарко Велковски за хрватските медиуми.