Над 1700 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 1700 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот

Повеќе од 1700 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот. Заменик директорот на Националната здравствена комисија на Кина изјави дека близу 1400 луѓе и` подлегнале на заразата, која се прошири низ Азија и стигна до САД и Европа.

Бројот на жртвите од коронавирусот порасна на 1.383, а забележани се 5.090 нови случаи што е рекорден број. Од вирусот заболеа вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји во светот, а меѓу заболените во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижат за заболените, пренесе Си-ен-ен.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата