Шејн Витингтон е нашето странско засилување за двата квалификациски дуели во битката за пласман на Европското првенство 2021 година. Крилниот центар има искуство во дресот на македонската репрезентација, со дел од кошаркарите веќе има настапувано, настапуваше на претходните преквалификации.

Витингтон е среќен што одново ќе настапува, нема да видиме од него себична игра, напротив заедно со остантите ќе градат на создавање на потребната тимска хемија за успех против Естонија и против Русија.

„Очекувам да играме добро на овие мечеви, очекувам тимот да биде обединет, слушнав добри работи. Имаме неколку измени, треба да се види како ќе реагираме на тие измени. Лично, мило ми е што повторно сум тука помеѓу моите македонски браќа. Сакам да слушнам што очекува од мене селекторот, да бидеме на иста бранова должина. Кошарката не е спорт за себични, затоа нема да правам себични работи, никогаш не сум сакал да бидам во центарот на вниманието. Мислам дека ќе имаме добра комуникација со соиграчите“, вели Витингтон.

ФОТО: КФСМ