МЛАДОЖЕНЕЦ ПРЕТЕПАН И ИЗБРКАН ОД СВАДБАТА:Се појави првата жена и ја расипа церемонијата (ВИДЕО)

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЛАДОЖЕНЕЦ ПРЕТЕПАН И ИЗБРКАН ОД СВАДБАТА:Се појави првата жена и ја расипа церемонијата (ВИДЕО)

Бесни гости го избркале младоженецот од неговата венчавка во Карачи, Пакистан, откако првата жена се појавила да ја предупреди невестата дека нејзиниот иден сопруг нема една, туку две сопруги.

Асиф Рафик Сидики, кој има околу 30 години, бил претепан на свадбата, кошулата и пантолоните му биле искинати како резултат на шокантната вест.

Младоженецот се криел од разгневената толпа под автобус и потоа го спасил непознат човек.

Иако полигамијата е легална во Пакистан, мажот кој може да има четири жени мора да добие согласност од претходните жени пред да се прежени.

Кога невестата ја прашала за што станува збор, Мадиха и рекла дека е сопруг и татко на нејзиното дете.

„Тој ми рече дека оди во друг град три дена“, тврди жената, со едно момче покрај неа, кое тврдеше дека е негов син.

Таа откри дека тие се венчале во 2016 година и дека тој тајно се оженил со друга жена две години подоцна. Дознала кога друга невеста ја опишала.

Гостите потоа го нападнале младоженецот, го претепале и го избркале од свадбата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата