ДОГОВОРЕНИ ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРЕН ЗАКОН: Маврово, Ростуше и Дебар одат во Петтата изборна единица

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОГОВОРЕНИ ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРЕН ЗАКОН: Маврово, Ростуше и Дебар одат во Петтата изборна единица

Договорени се промени во Изборниот законик. Според информациите на Вечер.мк со измените во Изборниот законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата.

Според него, со ова би се постигнало нивелирање помеѓу изборните единици.

Пратеникот рече дека со нивниот амандман бројот на гласачи во Шестата изборна единица се враќа во рамките на границата, плус пет отсто повеќе од просечниот број на шесте единици.

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите кои што се во процедура пред распуштање на Собранието.

Тој вели дека изборите биле консензуално договорени со датум, како и дека нема никакви проблеми со СДСМ. Нагласува дека ДУИ е клучен партнер во Владата, иако било легитимно право на СДСМ да разгледуваат опции за ново парламентарно мнозинство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата