Шпански „Ел мундо“: Владата ѝ го одзема имотот на СПЦ за да му го подари на црногорскиот Цезар

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпански „Ел мундо“: Владата ѝ го одзема имотот на СПЦ за да му го подари на црногорскиот Цезар

Владата на Црна Гора е одлучна од името на својот Цезар да одземе сè што мисли дека Цезар треба да поседува – имотот на Српската православна црква во Црна Гора, пишува „Ел мундо“, еден од највлијателните весници во Шпанија, потсетувајќи дека СПЦ е единствена канонска црква во Црна Гора и дека сите поединци кои го изгласале Законот за слобода на вероисповед во корист на криминалниот режим се исфрлени од православието.

„Ел мундо“ предупредува дека со законот е запален оган на Балканот и дека тоа резултирало со масовни протести и литии во Црна Гора, Србија и во православниот свет, кои се борат против спорниот закон.

„На Западен Балкан повторно е запален оган, овој пат во божјите храмови, манастирите и црквите на СПЦ чиј имот во Црна Гора е во опасност да биде национализиран со новиот Закон за слобода на вероисповед“, истакнува весникот, додавајќи дека ова е уште еден чекор во обидот да се докаже дека Црна Гора не е српска земја.

Весникот пишува дека нема податоци за тоа колку цркви, манастири и земјиште ќе бидат одземени и нагласува дека една третина од населението се чувствуваат како Срби и сакаат цврсти врски со Белград и со својот народ.

„Ел мундо“ на крајот потсетува дека Православната црква е еден од најважните столбови на христијанството заедно со католиците и протестантите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата