„Газета експрес“: Париз подготвува самит за Косово

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Газета експрес“: Париз подготвува самит за Косово

Францускиот претседател Емануел Макрон упатил писмо до новоизбраниот косовки премиер Албин Курти во кое му го честита изборот на функцијата и истовремено бара укинување  на таксите што Косово ги наметна за производите од Србија за да се овозможи продолжување на дијалогот, пренесува „Газета експрес“.

„Првиот чекор би требало да биде продолжување на дијалогот за кој сум подготвен да посредувам со организирање самит во Париз наскоро со лидерите на Косово и Србија, а во соработка со канцеларката Меркел и со високиот претставник на ЕУ, Борел“, напишал Макрон во писмото што француската амбасадорка во Приштина, Марин Кристин Бутел, му го предала на Курти во средата.

Макрон навел и дека продолжувањето на дијалогот подразбира дејства од двете страни.

„Укинување на таксите од страна на Косово и прекин на кампањата против признавањето на Косово од страна на Србија“, напишал францускиот претседател.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата