Селекцијата на Македонија до 17 години ја победи репрезентацијата на БИХ и во вториот „тест“ одигран денеска овој пат со резултат 2:3, откако првиот заврши со триумф на нашата селекција 3:1.

Нашата репрезентација дојде до водство во 3. минута преку Стојановски. Кахвиќ израмни на 1:1 во 48. минута. БИХ дојде до предност во 67. минута преку Кахвиќ. Меѓутоа Гуџуфи израмни во 79. минута, а потоа Македонија притисна и во 85. минута дојде до водство преку Гуџуфи.