Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за половина час ќе тргнел од Кичево и навреме ќе пристигне во Собранието за да гласа за Законот за Јавно обвинителство и за разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Ова го изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на денешната прес-конференција во парламентот.

Владата на СДСМ е тука поради гласовите на ДУИ. И на 12 април нашата партија ќе биде одлучувачки фактор. Не условуваме ниту еден закон, веднаш ќе ги гласаме, рече Груби.

Најчитани вести