Убаво звучат овие хвалоспеви кои што СДСМ ги кажува, меѓутоа реалноста е малку  подруга. Ние бараме да се завршат овие закони, кој ве спречуваше да ги завршите овие закони, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во своето обраќање на собраниската седница.

Мицевски во своето обраќање потенцираше дека СДСМ бега од избори затоа што ги знаат анкетите, рејтинзите, но датумот за одржување на изборите беше договорен кај претседателот Пендаровски ви присуство на Алијанса на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ, БЕСА.

-Има закажано датум за избори, ќе пробувате овие два дена се да направите за да го промашите тој рок, народот ве гледа нема да ви дозволи да избегате  од избори, порача Мицевски.

 Координаторот Мицевски истакна дека во последните два месеци СДСМ пушти повеќе од 200 закони по скратена постапка, а сега го држат законот за ЈО.

-200 закони пуштивте последните два месеци по скратена постапка и го држите законот за ЈО кој што го пуштате во скратена постапка, а кој има рок на одложување  на примена од  4 и пол месеци од денот од сега, зошто? За да си ги скриете криминалите  и она што средува по 12 Април. Го знае добро тоа и министерката и пратениците кои пробуваат да ги бранат сите овие тези. И денеска кога ги гледате анкетите, исплашени од она што се случува  ќе продуцирате политичка криза  во Собранието за да избегате од избори. Ништо не ви е битно друго, најбитно е Зоран Заев  и неговите пајташи да  избегаат од избори, додаде Мицевски.

Најчитани вести