ГРУБИ ПОБАРА ПРОМЕНИ во изборните единици 5 и 6 пред да се распушти Собранието

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГРУБИ ПОБАРА ПРОМЕНИ во изборните единици 5 и 6 пред да се распушти Собранието

Со измените во Изборен законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата, појасни на денешната прес конференција Артан Груби од ДУИ.

Како што кажа тој, со тоа би се постигнало нивелирање помеѓу Изборните единици.

Груби додаде и дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите коишто се во процедура пред распуштање на Собранието, додаде Груби.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата