Италијанскиот тренер Фабио Капело во два периоди работеше во Реал Мадрид 1996-1997 и потоа 2006-2007.

Капело се присети на првиот мандат со „кралевите“ во кои имал проблеми со тогашниот претседател Лоренцо Санц, а кажа и за најлошиот фудбалер што го тренирал во мадридскиот клуб.

Пред сезоната 1996/97 Реал потпиша Португалец кој дојде од Порто, но тотално потфрли.

Имав еден фудбалер, не можам да се сетам точно на името, играше десен бек за Португалија. Мислам дека се викаше Секретарио. На тренинзи беше океј, во репрезентацијата беше океј, но на теренот катастрофа. Кога го ставив во играч во дрес на Реал, да ми извините на зборовите: „се посра“. Не можеше да игра. Му се врзуваа нозете“, изјави Капело.

Секретарио се врати во Порто и под раководство на Мурињо го освои трофејот во Лига Европа во 2003 година.

Секретарио одигра вкупно 17 натпревари во дресот на Реал.

Капело имал многу проблеми со претседателот Санз кој му сугерирал кого да стави во тимот.

Имав проблеми во Реал, но никогаш со фудбалерите. Проблемите беа со претседателот кој сакаше поинакви работи. Сакаше да го ставам син му (Фернандо Санз) во игра, а јас му велев дека тој не е кадарен да игра за овој тим“, додаде Италијанецот.