Амстердам забрани на туристичките групи да бидат пред излози на се*сулани работници

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амстердам забрани на туристичките групи да бидат пред излози на се*сулани работници

Влстите во Амстердам денес им забраниле на групни туристи со водич во обиколка на квартот познат по црвените фенери, каде што туристите гледаат во полуголи про**итутки и други се*суални работници во излогот.

Oваа одлука најавена од властите во Амстердам е само обид да се намали прекумерниот број на туристи и да ги заштити работниците во тој кварт кој е “магнет“ за посетители, како и таа област да се расчисти. Особено за туристи кои поминуваат групно и ги злоупотребуваат се*суалните работници и се фотографираат без нивна дозвола.

“Омаловажувачки е се*суалните работници да се третираат како туристичка атракција“, рекол вице-градоначалникот на Амстердан.

На туристичката група, која е во посета во квартот на црвените фенери и понатаму ќе и биде дозволено доколку водичот се придржува на новото ограничување кое стапува на сила во април а тоа е да не се приоѓа до излозите.

На улицата на црвените фенери секојдневно поминуваат 115 групни обиколки со водич. Гратските власти велат дека спроведените истражувањата покажале дека повеќе од половина жители и претпријатија сметаат дека зголемиот број на посетители во таа област им прави проблеми во животот и работата.

Амстердам со години трпи последици од преголем број на туристички посети кои создаваат гужва на улиците кои се наподерно со каналите и тоа во срцето на историскиот дел на градот каде што се наоѓа и квартот на црвените фенери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата