Јанушев: Стравот на СДСМ е голем, но КРИМИНАЛОТ ИМ Е ПОГОЛЕМ И ЗАТОА БЕГААТ ОД ИЗБОРИ

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: Стравот на СДСМ е голем, но КРИМИНАЛОТ ИМ Е ПОГОЛЕМ И ЗАТОА БЕГААТ ОД ИЗБОРИ

Им гори под нозе! Стравот е голем, затоа што криминалот е уште поголем и затоа бегаат од избори. Но, треба да знаат дека Заев во оваа држава е веќе минато, и тоа од оној срамниот дел на минатото, и не е веќе во состојба да одлучува, ниту да се заканува, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Тој истакна дека  СДСМ покажува дека е спремна на се за да го донесе законот со кој сака да се спаси од одговорност, дури и тоа да избега од соочување со народот.

А, бега зошто знаат дека на 12 ти април народот си доаѓа по своето. И знаат дека не е нормално за 3 години еден функционер во земјава да не одговара за криминал, а државава да е прогласена за најкриминална во Европа. Разликата е во тоа што додека ВМРО-ДПМНЕ има штаб за правење на програма, СДСМ има штаб за правење на кризи. Но, кризата не ги спасува од одговорност, а ниту ова калкулирање со датумот на избори со цел кревање на цената. Од народот нема да избегате.“ потенцира Јанушев во неговиот статус на Фејсбук

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата