Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 12:10
redakcija
Статија

Викендов стартува пролетниот дел од тековната 2019/2020 сезона, или вкупно 28-ма по ред. Секако дека главно прашање е кој ќе дојде до титулата. Според квалитетот, амбициите и секако пласманот на табелата, најблиску до пехарот е Вардар, кој влегува со 8 бодови предност. Но смее ли некој предвреме да ја отпише Шкендија, актуелниот шампион. Во случај скопските „црвено – црни“ да триумфираат, тоа за нив ќе биде едианаесета титула во самостојна Македонија, ако пак Шкендија на крајот се радува, тогаш ќе направи хет – трик, и ќе го стигне Работнички кој има четири шампионски пехари. Досега во самостојна Македонија во изминатите 27 првенства, само осум клубови биле прваци, и сите тие играат сезоната во ПМФЛ, освен се разбира Победа која тавори во Втората лига – исток. Да кажеме дека по последната деценија, во зиминатите девет сезони, на Вардар (5) и Шкендија (3), само Работнички во сезоната 2014/2015 им ги расипа сметките кога стана шампион.

 

ТАБЕЛА НА ОСВОЕНИ ТИТУЛИ

10    ВАРДАР

4      РАБОТНИЧКИ

3      СИЛЕКС

3      СЛОГА Ј (ШКУПИ)

3      ШКЕНДИЈА

2      ПОБЕДА

1      МАКЕДОНИЈА ЃП

1      РЕНОВА

 

СИТЕ ШАМПИОНИ ВО САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

1992/93: ВАРДАР

1993/94: ВАРДАР

1994/95: ВАРДАР

1995/96: СИЛЕКС

1996/97: СИЛЕКС

1997/98: СИЛЕКС

1998/99: СЛОГА Ј (ШКУПИ)

1999/00: СЛОГА Ј (ШКУПИ)

2000/01: СЛОГА Ј (ШКУПИ)

2001/02: ВАРДАР

2002/03: ВАРДАР

2003/04: ПОБЕДА

2004/05: РАБОТНИЧКИ

2005/06: РАБОТНИЧКИ

2006/07: ПОБЕДА

2007/08: РАБОТНИЧКИ

2008/09: МАКЕДОНИЈА ЃП

2009/10: РЕНОВА

2010/11: ШКЕНДИЈА

2011/12: ВАРДАР

2012/13: ВАРДАР

2013/14: РАБОТНИЧКИ

2014/15: ВАРДАР

2015/16: ВАРДАР

2016/17: ВАРДАР

2017/18: ШКЕНДИЈА

2018/19: ШКЕНДИЈА

2019/20:  ???

sportmedia.mk

Најчитани вести