ДОЛГА Е ЛИСТАТА: Еве кои пратеници се пријавија за говорници за Законот за ЈО

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОЛГА Е ЛИСТАТА: Еве кои пратеници се пријавија за говорници за Законот за ЈО

Долга е листата на пријавени говорници за расправата за Законот за јавно обвинителство. Досега се пријавени 36 пратеници а прв треба да се обрати Антонио Милошоски, а по него министерката за правда Рената Дескоска.

Со оваа бројка на пријавени реално е расправата да трае до недела за кога е најавено распуштање на Собранието.

Синоќа генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски предизвика нервоза кај претседателот на Собраннието Талат Џафери, кој ја прекина седницата и ја закажа за денес.

Денес координаторите на пратеничките групи се на состанок кај претседателот на Собранието. Талат Џафери ги повика за, како што рече, да се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април.

Дилемата за датумот и воопшто, одржувањето на избори, се отвори, по препукувањата околу Законот за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, како и предлогот за разрешување на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

Пратеници од СДСМ, вчера му испраќаа пораки по фејсбук, барајќи од него да ја закаже седницата за разрешување на Мизрахи, велејќи дека, доколку тоа не се случи и не се изгласаат спорните закони, има можност да се создаде ново парламентарно мнозинство.

Џафери им врати дека нема профил на фејсбук и побара од нив да дојдат на средба и да се изјаснат за понатамошните потези. Џафери исто така порака дека доколку СДСМ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата