Трошоците за обнова на легендарната лондонска кула Биг Бен се зголемија за милиони фунти, откако оштетувањата се покажаа полоши отколку што првично се мислеше.

Цената за обнова на Кулата на Елизабета, како што е официјалниот назив, која започна во 2017 година, се зголеми за 20 милиони фунти, односно вкупно 80 милиони.

Големата штета е откриена дури откако започнала темелната инспекција за реставрацијата, прва во 177-годишното постоење на зградата.

„Реновирањето на Кулата на Елизабета е покомплексно отколку што очекувавме, но до крајот на 2021 таа би требало повторно да блесне во сиот свој сјај“, рече Јан Ајилеш, портпарол на службата на британскиот парламент која ги надгледува работите на објектот.

Зафатите се однесуваат на санација на механизмот на часовникот и враќање на неговата оригинална боја, санирање на бројните пукнатини во ѕидот на кулата и чистење на ‘рѓата на покривот.

Планирано е да се инсталира лифт и уште едно скалиште. Постоечкото осветлување на кулата ќе се замени со енергетски ефикасни ЛЕД диоди.

Кулата изградена во неоготички стил завршена е во 1856, е сега е закосена дури 46 сантиметри.

извор: Makfax

Најчитани вести