Баерн не се оддалечи премногу (одигра 0:0 со Лајпциг во дербито на минатото коло), но тоа не ја намалува жалоста на „милионерите“ за испуштените бодови во Леверкузен. Борусија се имаше во свои раце, предност од 3:2, контрола на играта, а една погрешна измена на Лусијан Фавр ги сврте работите во корист на Баер. На крајот ни бод не остана на „Вестфален“ – Леверкузен победи со 3:4.
Откако Јулијан Брант мораше да излезе поради повреда (Фавр го внесе во игра 17-годишниот Рејна, а тој потполно изгоре) Борусија имаше несигурни додавања. Како мечот одминуваше таа несигурност на задната линија му помогна на Леверкузен да победи.
ГЕРМАНИЈА 1 – 22. коло
ДОРТМУНД – АЈНТРАХТ
петок 20.30
Шифра: 3005
ПРЕДЛОЗИ
ВГ 2-3 2,35
КМБ 1&1+I 1,65
* Квотите подлeжат на промени
СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ
Голем проблем за Дортмунд против Ајнтрахт ќе биде токму отсуството на Брант, односно од претходно повредениот Ројс. Домашните и покрај тоа се фаворити, но барем растат шансите на гостите од Франкфурт. Посебно што доаѓаат осоколени поради „петардата“ против Аугзбург минатиот викенд.
Ајнтрахт ќе се потпре на контрите и брзоногиот Филип Костиќ, односно скокот, доколку Ади Хитер се одлучи за заздравениот Бас Дост во нападот. Борусија ќе проба да воспостави доминација, контрола на играта. Ќе биде интересно дали после 90 минутен пост Ерлинг Халанд повторно ќе дава голови…
Франкфурт нема победено во Дортмунд полни десет години. А на претходните осум средби ГГ беше загарантирано. Само еднаш на тие осум дуели покрај ГГ немало и 3+.