Во Куманово уапсени крадци на обувки и бела техника

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Куманово уапсени крадци на обувки и бела техника

Во текот на неделава кумановската полиција презеде повеќе акттивности за разрешување на случаи во врска со тешки кражби од куќи и станови.

На 12 февруари, врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во дом на 47-годишен кумановец, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени биле 20 пара машки и женски обувки.

Истиот ден во Куманово бил извршен претрес и во домот на 31-годишник, при што биле пронајдени и одземени  неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство.

Поради сомнение дека е сторител на кривично дело тешка кражба, 16-годишникот бил уапсен во присуство на неговата мајка.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата