ПОЧНА СРЕДБАТА кај Талат Џафери во Собрание

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЧНА СРЕДБАТА кај Талат Џафери во Собрание

По синоќешните тензии, утрово координаторите на пратеничките групи се на состанок кај претседателот на Собранието. Талат Џафери ги повика за, како што рече, да се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април.

Дилемата за датумот и воопшто, одржувањето на избори, се отвори, по препукувањата околу Законот за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, како и предлогот за разрешување на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

Пратеници од СДСМ, вчера му испраќаа пораки по фејсбук, барајќи од него да ја закаже седницата за разрешување на Мизрахи, велејќи дека, доколку тоа не се случи и не се изгласаат спорните закони, има можност да се создаде ново парламентарно мнозинство.

Џафери им врати дека нема профил на фејсбук и побара од нив да дојдат на средба и да се изјаснат за понатамошните потези. Џафери исто така порака дека доколку СДСМ сака ново мнозинство треба да се изјасни, бидејќи тие со ДУИ не биле венчани.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата