На скопскиот аеродром приведен маж од ресенско кој се барал поради кражба

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На скопскиот аеродром приведен маж од ресенско кој се барал поради кражба

На Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека С.П.(25) од Царев Двор, ресенско, се ноаѓа на листата со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Битола, за сторено кривично дело „кражба“.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправниот дом Затвор Прилеп, информираат од МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата