Пиштол и метална палка пронајдени при претрес на 19-годишник во Скопје

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пиштол и метална палка пронајдени при претрес на 19-годишник во Скопје

При претрес на 19-годишник во скопската населба Влае, полицијата пронашла пиштол „ЦЗ Б“, калибар 9 милиметри, една рамка со 10 куршуми и метална палка.

Полицискиот претрес бил извршен во вечерните часови на 13 февруари на улицата „Есперанто“, а тинејџерот веднаш бил уапсен и спроведен во станица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата