Кристијан Стојкоски поради суспензија, поради пет жолти картони, нема да биде во составот на Академија Пандев на неделното дерби со Шкендија. Секако дека тоа ќе биде голем хендикеп за составот на стратегот Југослав Тренчовски.

Што се однесува пак до самата организација на овој натпревар, засега се минува во најдобар ред, како и секогаш кога станува збор за клуб како што е Академија Пандев. Дербито од првито пролетно коло се игра во недела со почеток од 13 часот,ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена спорт и МРТВ. Влезот на трибините на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе биде слободен.

Да потсетиме дека во пролетниот дел овие две екипи двапати се сретнаа, и во Струмица и во Тетово победа славеше Академија Пандев со резултат 1:0.