Ненад Маринковиќ, Филип Осман и Бурхан Мустафов и официјално се ново имиња во таборот на Силекс. Тие се регистрирани и имаат право на настап веќе во недела на мечот со Ренова во Тетово.

Да, Маринковиќ, Осман и Мустафов и официјално се наши нови играчи. Тие тројцата се нашите зимски засилувања, има и некои млади, и некои кои ги вративме од позајмица. Нена Маринковиќ игра во линијата за врска, доаѓа од Србија а некогаш играл и за Партизан. Филип Осман, исто е од Србија, и исто игра во средниот ред. Додека Бурхан Мустафов, кој е напаѓач, дојде до Струга Трим Лум“  ни изјави Горан Симов, шефот на стручниот штаб на Силекс.