Амбер Роуз го истетовира челото, одлуката ја донела по смртта на Коби

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амбер Роуз го истетовира челото, одлуката ја донела по смртта на Коби

Американската манекенка и актерка Амбер Роуз (36) се пофали со уште една тетоважа на социјалните мрежи, но овој пат на челото.

Последната тетоважа им ја посветила на своите синови Себастијан и Слеш, чии имиња ги истетовирала на челото, пишува „Е!Њуз“.

Зборовите „Беш Слеш“ (Bash Slash) беа напишани на нејзиното чело и додека некои беа воодушевени од идејата и одлуката, повеќето дадоа негативни коментари.

За време на емисијата „Фокс солул он ТВ“, 36-годишната манекенка зборуваше искрено за тоа што ја инспирирало да го истетовира лицето и дека тоа одамна сакала да го стори.

„Морам да бидам искрена и не сакам да звучам банално, но по смртта на Коби Брајант, се осврнав на мојот живот“, рече Амбер истакнувајќи дека смртта на Коби не била единствената причина за тетоважата, но тој трагичен настан придонел за нејзината одлука.

„Размислив за татко ми, кој доби рак кога имаше 40 години и мина низ тежок период. Денес е добро, но тогаш можеше да умре. И јас имам 36 години… Ја сакав оваа тетоважа толку долго… Животот е краток, па само направете го тоа. Само живејте го животот најдобро што можете и немојте да се каете. Па, така се чувствував и мило ми е што ја направив“, изјавила Амбер.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата