ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ТРОПНА НА ВРАТА: Пендаровски е политички пензиониран - сите детали за пазарот на СДСМ за мнозинство

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ТРОПНА НА ВРАТА: Пендаровски е политички пензиониран - сите детали за пазарот на СДСМ за мнозинство

Новото мнозинство од 67 пратеници кое го најавува СДСМ преку денешните статуси на Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Мухамед Зекири преставува еден дел од СДСМ, кои смеаат дека нивно одделување од ДУИ би било корисно и во следниот период.

Според нивните сознанија, базирани на внатрепартиски анкети (кои се потврдени од СДСМ за Вечер.мк) ако има избори, СДСМ ќе има  8 пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Истите анкети велат дека ДУИ би имало 10 пратеници, Алијанса и Алтенатива 7, а Беса 3 или 4 ако оди сама.

Ова крило на СДСМ смета дека не треба да се изгуби (сеедно дали ќе се оди или нема да се оди на избори), за да нема ситење кон партијата.

Затоа, според таа математика, формиран е партиски кризен штаб кој треба да го води целиот процес на криза во Собрание пред распушатњето, со цел да има друг кривец и во јавноста да се создаде издржана перцепција зошто нема да има избори:

- Македонија заслужува: 1. Европски закон за избори, 2. Неопходен е законот за одбрана (кој не е услов за ниедна асоцијација), 3. Рашела Мизрахи го крши Уставот (го браниме Договорот со Грција), како и неизвесноста под точка 4. Дали ќе има 80 пратеници за законот за јавно обвинителство.

СДСМ се свесни дека ако се тргне во смена на министерката Рашела Мизрахи како приоритет, потребни се уште најмалку 7 работни дена за ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат, што е многу повеќе од датумот кој помина вчера, а беше закажан од Пендаровски и подрржан од ЕУ и САД за вонредни парламентарни избори во април 2020 година.

Да одиме по ред.

Со ништо не условена, Радмила Шеќеринска го наметнува законот за одбрана како врвен приоритет пред распуштање на Собранието. Тој закон не е услов ниту за НАТО, ниту за датум за ЕУ.

Со насилното медиумско вметување во агендата на Собранието, СДСМ сака да создаде перцепција дека ВМРО- ДПМНЕ не сака да гласа за законот за одбрана, дека наводно, СДСМ нема да дозволи земјата да заплива во несигурни води, дека ВМРО и ДУИ се во скриена коалиција, и дека Шекеринска нема да дозволи Талат да тактизира и да ја закаже седницата во недела, без да се донесе законот за одбрана.

Во меѓувреме, премиерот Оливер Спасовски наметнува смена на министерката Рашела Мизрахи, додека цело време на дневен ред е само Законот за јавно обвинителство и ништо друго.

Во името на Уставот и да нема избори

За изборниот законик досега имаше најмалку 10 меѓупартиски средби на кои не е постигнат никаков консензус. Тука нема виновник, тука секој се против секого.

ВМРО-ДПМНЕ има еден став за дијаспората кој не е прифатилив за СДСМ и ДУИ. Од друга страна ДУИ има став за 6- та изборна единица, кој не е прифатлив за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ има став за една изборна единица кој не е прифатлив за ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Заклучок, нема консензус, има поделено несогласување.

Недоговарањето да се престави како таен созуј на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Покрај Законот за избори и законот за одбрана за кој Шеќеринска напнува, а кој никој не го бара, во СДСМ се тактизира со следното:

- Да го ставиме на гласање законот за ЈО што побрзо, со кој фаќаме узди, правиме галама  ако ДУИ тактизира со смената на Рашела која наводно го крши за Уставот за таблите согласно договорот со Грција, па и галама со законот за обдрана и галама со изборниот законик.

Фактите велат дека Законот за ЈО не може да се гласа после избори, па потоа да се распушти Собранието, од едноставна причина, што е ставен на дневен ред пред распушање на Собранието. Другите адути на СДСМ, наведени погоре не се на дневен ред во Собрание пред закажаното распушање.

Можеби утре ќе има расправа за законот ЈО или во сабота ќе се гласа за истиот тој закон.

Сега, ДУИ е во коалиција со СДСМ и нивната математика вика ОК, можеби ќе го гласаме, бидејќи во истиот се вметнаа одредбите за двојазиност, Бадинтер, бомбите се исфрлени од текстот... се е како што баравме.

Од друга страна, математиката на СДСМ и Заев е ваква: Се си има употребна вредност. Нека ни изгласаат Закон за јавно обвинителство заедно со Алијанса, Беса и Г6 и после, ако не гласа евентуално ДУИ за ЈО (или некои пратеници од ДУИ), да се посочи со прст кој не гласал, што би значело дека ДУИ е во тајна коалиција ВМРО-ДПМНЕ и не зеза.

Ако не се изгласа законот за ЈО, нема да се изгласа распуштање, вели математиката на СДСМ.

Ако се изгласа закон за ЈО, СДСМ веќе си има спремен изговор зошто нема да гласа да се распушти Собранието, под изговор дека не се изгласани изборен законик, закон за одбрана, смена на Рашела Мизрахи...

Да дигнеме галама за Изборен Законик дека ДУИ и ВМРО-ДПНЕ дека се против

И кога ќе дојде во недела гласањето за распушање на Собранието, математиката вели дека: ВМРО-ДПМНЕ има 39 + Елизабета Канчевска = 40 + 10 од ДУИ и тук тек некој од Алтернатива, или Беса (ама не сите), како и Зекир Рамчиловиќ кој е се поблисок до ДУИ СДСМ.

Ќе има 53-54 гласа “ЗА“ распушање на Собранието, со што  договорот кај Пендаровски за предвремени избори е мртов, и Собранието нема да се распушти.

Всушност, ќе се промаши термиот закажан за 12 април, Пендаровски е мртов како политичка фигура и СДСМ ќе го бара виновникот. Секако, не кај себе, туку кај сите други.

Македонија влегува во перманентна политичка криза

СДСМ и другите кои сметаат дека Изборниот Законик дека мора да се донесе, како и законот за одбрана наводно заради НАТО и ЕУ, како и да се разреши министерската Рашела Мизрахи, ја внесуваат Македонија во перманента политика криза. Исто како со Законот за јавно обвинителство.

Политичка криза, за која според статусите на ФБ од почетокот на овој текст, ќе биде посочен Талат Џафери.

Потоа ќе следува иницијатива за негова смена. И ќе го сменат. Ако го имат мнозинството од 65 пратеници – ќе изгласаат влада според нивни терк. Приказната во јавност ќе биде – до сега се боревме со режимот на ВМРО за Горде, Миле и другите, а еве почнуваме со другите од ДУИ, како со Блерим Беџети и други градоначалници и директори на јавни претпријатија.

Кај гласачите ова би поминало ок, го гледаат ДУИ долго на власт и ќе биде можност да се подигнат другите албански партии.

Следните избори, кои се локални, сите албански партии ќе се пазарат со секого, сметајќи на распарчените гласови од ДУИ. Ќе се пазарат и со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ.

Ако се изгласа законот за јавно обвинителство, како и за Совет за јавни обивнители, сегашната поставеност на Вилма Русковска и Љубомир Јовевски, останува гарантирана. Без главата на Рекет, без датум за ЕУ. ..

Во меѓувреме ќе им фали време за да нарачат пресуди за  “Рекет“ и сите други судски случаи, а преку ОЈО ќе си селектираат таргети за стопански субјекти, т.е. бизнисмени блиски во нив или ним не лојални.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата