Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва се закани со ново параламентарно мнозинство доколку не се усвои законот за јавно обвинителство, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и побара нова лидеркса средба за утре.
Математиката покажува дека СДСМ, заедно со БЕСА, АЛИЈАНСА, ДПА, Алтернатива, 6-те независни, Панчо Минов, Чедо Саздовски, Јусуф Хасани од Турската партија, Амди Бајрам, Самка Ибраимовски ...итн .. имаат околу 67 пратеници вкупно.