Оваа сторија започна во Скопје, па откако угостителите се здружија и пријавија, измамниците се префрлиле на тетовскиот регион.
Имено, во 2 скопски познати кафеани се случи ова. Извесен Горан закажува ручек за 10-20 луѓе, најавува цвеќе дека ќе дојде и да го плати кафеаната, па тој потоа се на фактура ќе плати одеднаш.
Откако угостителите увидоа дека е измама, никој повеќе не му резервирал. Но по се изгледа дека тој се преселил на друг реон. Во шеста изборна единица.
Секторот за внатрешни работи Тетово презема интензивни мерки и активности за расчистување на неколкуте пријавени измами деновиве од угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште.
Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите и апелираат до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги, особено кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги (вработување, обезбедување документи и слично ).
Поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи им услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поефтини станови и друго.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека измамите претставуваат кривично дело (член 247 од Кривичниот законик) за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.