Мицкоски: Со добра бизнис клима ќе има 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции (ВИДЕО)

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Со добра бизнис клима ќе има 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции (ВИДЕО)

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“  рече дека по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции.

-Ние рековме дека ќе бидат заедно домашните и странските инвестиции и навистина цениме дека можеме тоа да го направиме. Направивме детална анализа, кои се недостатоците на сегашниот систем, кои се недостатоците на поранешниот систем.

 Мицкоски во своето гостување го посочи следниот пример:
 
-Еве ќе ви кажам во соседна Србија заклучно со 3 квартал ќе имаше 2 милијарди и 800  евра странски инвестиции оваа година, што е сериозна бројка. Зборам за странски инвестиции, а домашните се барем толку ако не и уште повеќе, што значи дека имаме околу 5-6 милијарди во само една година затоа што системот кој што функционираше овдека во Република македонија  го ископираа и го надградија и сега функционира успешно таму.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата