ОВА СЕ ПЕТТЕ КЛУЧНИ ПРИЧИНИ зошто ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа законот за ЈО (ВИДЕО)

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА СЕ ПЕТТЕ КЛУЧНИ ПРИЧИНИ зошто ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа законот за ЈО (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно на ТВ Алфа“, кажа дека процесот за законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на ставот на најголемата опозициска партија и тоа е она што најмногу разочарува на политичката сцена, Тој истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува ист, односно дека нема да го прифатат предлог законот за обвинителство. Мицкоски смета дека во насокоата со која се водат преговорите Заев гледа спас за себе, после 12 април. Мицкоски потенцира дека денеска тоа што се случуваше во законодавниот дом личи на се само не на законодавен дом, бидејки се тргува со секој глас, се врши притисок и закани.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот поради пет клучни причини:

Најпрво законот е спротивен на уставот и тоа јасно го кажаа експертите на јавната дебата, ако се повикуваат од една страна луѓето на СДСМ во минатато на Уставот, како на пример мојот предол за внатрешни првиот не бил уставен… од друга страна јасно става противуставен закон за галсање во рамки на парламентот.

Второ Создаваме еден монарх, со тоа што ако се усвои овој закон така ќе функционира оваа држава, а тоа значи дека јавниот обвинител и обвинителот за организиран криминал и корупција ќе може да се промени само доколку две третини од советот за обвинители кои што знаеме дека се партизирани, но не партизирани со активисти на СДСМ, туку со пријатели на Зоран Заев или со сопруги од пријатели на Заев и две третини од нив треба да гласаат за разрешување на јавниот обвинител, значи утре кога ќе бидат во опозиција да биде тоа како одбрамбена алатка да не може никој да покрене обвинение или ако тоа обвинение биде покренато, да биде отфрлено.

Трета работа за која што се разидуваме е имплментирање на Бадентер, амандманот 30 од уставот е јасен, како се бира обвинител и како се реизбира и никаде таму не стои Бадентер.

Понатаму членит 110 каде што стои јасна амнестија на кривични дела или пак кривични дела кои што се потрепени со докази на стекнат матерјал како што е снимање итн. Со што му обезбедува амнестија за Заев и неколкумина од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина кои денеска се коалициони партнери за Зоран Заев во Владата.

Петото баравме законот да го направат експерти, луѓе кои целиот живот на тоа работеле, има доволно време до 30 јуни да сработат еден закон кој што прво би го одобриле граѓаните, јавноста, стучната фела и пратениците во Собрание, рече вечерва Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата