Мицкоски: Рамниот данок во првите 100 дена ќе го намалиме - ЕВЕ НА КОН НАЧИН (ВИДЕО)

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Рамниот данок во првите 100 дена ќе го намалиме - ЕВЕ НА КОН НАЧИН (ВИДЕО)

Вечерва на ТВ Алфа гостува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува дека во првите 100 дена ќе се воспостави рамниот данок и кој што во првата година ќе се намали на 9%, а наредната година ќе се намали и на 8%, се со цел да се воспостави поволна економска клима во Република Македонија.

- Во првите 100 дена рековме дека ќе донесеме нов закон со кој што ќе го намалиме рамниот данок за еден во нето односно номинала 10% и ќе биде 9%. А, потоа на почетокот на третата година практично ќе биде намален за дополнително уште еден процент и ќе биде 8%, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во согласност со сите мерки и проекти кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ во програмата ќе се намали сивата економија, која што во моментов е фантастични 37% според Светска Банка, а Европскиот просек е помеѓу 15 и 20. Второ што исто така се зацрта како цел е да се врати Република Македонија на листата на „Дуинг Бизнис“ во првите 10, а не сега како што континуирано паѓа од година во година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата