Стоилов: Ова можеби се ПОСЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стоилов: Ова можеби се ПОСЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР

Вардар во сабота го пречекува Мотор Запорожје во рамки на 12.коло во Лигата на шампионите, но во моментов речиси никој не размислува за натпреварот.

Главна тема е состојбата во клубот, финансиските проблеми и многуте неодговорени прашања кои ги имаат играчите. Вчера си заминаа Даинис Криштопанс и Павел Атман, а очигледно незадоволството во редовите на „црвено-црните“ расте сe’ повеќе и повеќе.

Капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција потврди дека ќе остане во клубот до крајот на сезоната, но и тој не знае ништо околу иднината на клубот, бидејќи играчите не добиваат никакви информации од раководството.

Треба да бидеме реални, Вардар со Кристопанс и без него не е ист. Ќе се обидеме да победиме, треба да видиме какви се силите, каква е главата.. вели капитенот Столе Стоилов.

Проблемите не се нешто ново за нас, долго време ги имаме, но работата е во тоа што никој ништо не кажува и никој ништо не знае. Не може да ги обвинуваме играчите кои си заминаа, секој си знае за себе. Трагично е што ние сме европски шампион, а односот кон нас е смешен“, изјави Стоилов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата