Додик: Република Српска е на пат да излезе од БиХ

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додик: Република Српска е на пат да излезе од БиХ

Босна и Херцеговина нема да ја има идната година ако не се врати на дејтонските позиции, порача српскиот член Претседателсатвото на БиХ, Милорад Додик, посочувајќи дека Република Српска тргнала на пат кон излез од БиХ од кој нема враќање, пренесува „Спутник“.

„Ние ќе го направиме тоа и нема да не запрат ни САД ни кој било друг зашто сметаме дека Дејтонскиот договор е нарушен, пред се со интервенција од меѓународниот фактор, рече Додик.

Додик наведе дека времето ќе покаже колку е сериозна РС во таа намера наведувајќи дека има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи себеси тивко да исчезне и да биде уништена преку „смртоносниот“ пакет што го подготвиле меѓународната заедница и бошњачката страна во Сараевуо.

„Во првата фаза тоа се реализираше преку високиот претставник и наметнувањето решенија, а сега го прават тоа преку Уставниот суд, сакајќи да го заштитат тоа со приказна за валдење на правото. Да стануваше збор за владеење на правото, немаше тука да одлучуваат тројца странци и амбасадите,“ истакна Додик.

Тој повтори дека РС не може да верува во БиХ.

„БиХ е лошо место и место на неслобода за Србите и РС. Ако нема договор странците да си заминат од Уставниот суд и ако тој не биде ставен во функција како во сите други земји, тогаш нема ни БиХ, нека го запаметат тоа,“ нагласи Додик.

Тој посочи дека различните ставови за НАТО интеграциите на БиХ е една од причините поради кои ваква земја не може да опстои.,

„Ние не сакаме во НАТО поради своите искуства од минатотот, додека некои други имаат свои искуства и сакаат во НАТО. Не треба никој да трпи поради нас, ниту ние поради некој друг. Додека сум јас тука, нема да се случи ниедна одолука во БиХ што ќе придонесе за интеграција на земјата во НАТО“, повтори Додик.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата