Поради коронавирусот откажан најголемиот светски саем за мобилни

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради коронавирусот откажан најголемиот светски саем за мобилни

Организаторите на најголемиот светски саем за мобилни телефони Mobile World Congress (MWC) кој се одржува во Барселона потврдија дека настанот, закажан за крајот на февруари, е откажан поради загриженост од коронавирусот.

Организаторот на саемот, GSMA, во соопштение за јавноста објаснува дека го откажува MWC Барселона поради глобалната загриженост од коронавирусот, стравовите за меѓународни патувања и други околности кои ја попречуваат организацијата на настанот, објави Би-би-си.

Саемот требаше да се одржи во Барселона, но организаторите соопштија дека тоа е едноставно невозможно бидејќи големите изложувачи како „Фејсбук“, „Нокиа“, „Сони“ и „Водафон“ го откажале нивното присуство поради коронавирусот.

Ова е еден од најголемите меѓународни деловни настани откажани поради страв од епидемија.

Саемот требаше да се одржи од 24 до 27 февруари во Барселона, при што шпанскиот министер за здравство ги замоли луѓето да останат мирни.

Тој рече дека граѓаните треба да му веруваат на шпанскиот здравствен систем и дека одлуката ќе биде донесена врз основа на најновите информации.

Обично, на овој саем учествуваат над 100.000 луѓе, од кои околу 6.000 доаѓаат од Кина.

Саемот за мобилни телефони се одржува во Барселона од 2006 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата