Меколи Калкин конечно реши да проговори за односот со Мајкл Џексон!

12.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меколи Калкин конечно реши да проговори за односот со Мајкл Џексон!

Меколи Калкин дал интервју за Ексвајер и одговорил на прашање кое со години ги мачи и медиумите и светската јавност.

„Вака, ќе започнам веднаш со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов“, рекол Калкин и додал: „Сега е вистинско време да прозборам и ако имав што да кажам, би кажал сега. Никогаш ништо лошо не ми направил и не сум го видел да прави нешто лошо.“

Во интервјуто раскажал и дека го сретнал актерот Џејмс Фрнак откако излегол документарецот за злоставувањата, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил. Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот. Последен пат се виделе во 2005 година, на судењето на Џексон за педофилија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата