Славевски: Наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за над 20 %

12.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славевски: Наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за над 20 %

Трајко Славевски, Член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за економските мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети дека ќе ги преземе и реализира кога ќе ја преземе власта, поточно зборуваше како ќе се реaлизира растот на платите и пензиите од 20-25 % за четиригодишен мандат.

-Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 годни. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе порасната за над 20 до 25 %. И тоа не е воопшто нереално, сосема е реално, истакна Славевски.

Тој во своето гостување зборуваше за стапката на раст и ако во првите две години се оствари стапка на раст од 4 % и ако се додаде номинално зголемување од инфлацијата 5% е сосема достижно за разлика од некои таргети кои уште ВМРО-ДПМНЕ во почетокот кога беа најавени ги критикуваше. Според него овде станува збор за просечната плата од 500 евра што не се реализира, минимална плата од16 000 денари што е далеку од реализација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата